ВИДЕО: Британецот Прауд доплива до второто европско злато

Продолжува британската жетва на медали на Европското првенство во пливање во Глазгов. Бенџамин Прауд го освои второто злато, откако во финалето на 50 метри слободно ја победи конкуренцијата и со време 21.34 секунди го освои златниот медал.

Само десет стоти делови од секундата зад новиот европски првак задоцни, Кристијан Гколомеев од Грција, кој беше блиску до прворазредна сензација. Бронзата ја освои Андреа Верњани од Италија.

Големо изненадување е што Русинот Андреј Морозов остана без медал и се пласира на четвртата позиција.

За 23-годишниот Прауд, кој е рекордер на Британија во четири дисциплини, ова се први два златни медали од големите приредби.