Австралиска пливачка по 44-ти пат го преплива Ла Манш

Една од најдобрите австралиски маратонски пливачки, Клои МекКардел по 44-ти пат го преплива Ла Манш и постави нов светски рекорд.  Досегашната рекордерка беше Британката Алисон Стритер, а рекордот 36-годишната МекКардел го собори минатата година.

За остварување на овој рекорд на МекКардел ѝ беа потребни 12 години, повеќе од 450 часови минати во студени води и најмалку 1.5 милиони завеслаи.

МекКардел со 19 години одлучи да се посвети на маратонското пливање, повеќе пати досега во кариерата двојно го преплива Ла Манш, а има и еден трикратен подвиг, кога во морето мина нешто повеќе од 37 часови.