Американската женска штафета со нов светски рекорд до златото на 4x100 метри!

Женската штафета на Соединетите Американски Држави го освои златниот медал на трката 4x100 метри мешовит стил на Светското првенство кое се одржува во Сингапур. 

Американките настапија во состав - Реган Смит, Гречен Волш, Кејт Даглас и Тори Хаск, кои поставија најдобро време од 3:49,34 минути, со тоа поставувајќи нов светски рекорд на оваа делница. 

Среброто замина кај репрезентацијата на Австралија, која заостана 3,33 секунди зад победничките, а бронзениот медал го освои селекцијата на Кина (доцнеше 5,43 секунди).

ФОТО/PHOTO: World Aquatics/Twitter/X