Охрид утре ќе биде во знакот на пливањето, со 39. издание на Охридскиот пливачки маратон, на кој 16 натпреварувачи од осум држави ќе се борат на 25-километарската патека „Климе Савин“. Стартот е предвиден за 11:00 часот кај Свети Наум, а финишот на Кеј Македонија. На листата на учесници има 11 пливачи во машка и пет во женска конкуренција, од Македонија, Србија, Турција, Канада, Италија, Шпанија, Португалија и Аргентина.