Од 12 до 16 јуни во СЦ „Форца“ во Скопје, ќе се одржи 27. Балканското првенство во пинг-понг за кадети и за јуниори. Околу 150 играчи од 12 држави ќе учествуваат на досега најмасовното Балканско првенство во пинг-понг за млади играчи. За титулата балкански првак ќе се борат играчите од Романија, Турција, Бугарија, Србија, Словенија, Грција, Италија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, Косово и Северна Македонија.