Овој викенд во Берово, во организација на ППК Берово, под покровителство на ППФМ, се одржа завршниот ТОП 8 турнир во пинг-понг во пионерска конкуренција за играчи до 15 години. ППК Берово, иако е нов клуб на пинг понгарската сцена кај нас, покажа огромен успех во организирањето на овој турнир, со комплетна организациона поставеност и медиумска покриеност