Primary tabs

  • ППФМ со поддршка од АМС им помага на клубовите со младински школи

    Во услови на пандемијата предизвикана од корона вирусот и кога кризата се чувствува во сите пори на општествениот живот, ППФМ со помош на Агенцијата за млади и спорт на клубовите кои имаа најдобри резултати од играчите во младинските категории им помогна со набавка на опрема.

  • Новите протоколи ги прекинаа сите пинг-понгарски натпреварувања

    Не поминаа ни два месеци од започнувањето на пинг-понгарските натпреварувања кои беа во прекин од средината на март до средината на септември за истите повторно да бидат прекинати.

  • Одиграни квалификациските натпревари од јуниорската лига во пинг-понг

    Играчите во јуниорска конкуренција за првпат имаа можност да се натпреваруваат во ваков формат на натпреварување во рамките на македонските пинг-понг лига натпреварувања. Со исклучок на три екипи кои поради оправдани причини не присуствуваа на натпреварувњето сите останати екипи настапија во своите најсилни состави од подмладокот на нивните клубови.

  • Викендов стартува јуниорската лига во пинг-понг

    Со учество на петнаесет екипи во конкуренција на јуниори и шест екипи во конкуренција на јуниорки, со повеќе од 70 играчи, в сабота (24 октомври) стартува јуниорската лига во пинг-понг.

  • Прилепски Младост 96 е есенски првак во пинг-понгарскиот шампионат

    Со одигрувањето на последниот турнир од есенскиот дел, викендов заврши првенството во пинг-понг во Супер лигата.

  • Потврдена доминација на првопласираните три екипи во пинг-понгарскиот шампионат

    Во пинг-понгарската Суперлига на четвртото турнирско соочување се одиграа шестото и седмото коло. Фаворитите не дозволија изненадување и го зацврстија своите места на табелата. Со максимален учинок, седум победи од исто толку натпревари, екипата на Младост 96 е најсигурен кандидат за да презима на првото место на табелата. Следното, осмо коло на 18 октомври ќе одлучи дали Шампион Фа или Младост ќе биде второпласирана екипа на крајот од есенскиот дел од првенството. На дното на табелата се наоѓа екипата на Струга кои во досегашноиот тек на првенството нема забележано победа.

  • Два порази на државниот првак, супериорна победа на Младост 96

    Како бомба одекнаа двата порази на сениорскиот државен првак, Кристијан Станојковски екипата на Младост 96. Ако во изминатите 7-8 години Станојковски претрпе два порази, на денешните натпревари во еден ден двапати беше поразен. Во четвртото коло загуби убедливо со 3-0 од ветеранот Роберт Михајловски од екипата на Нец, додека во петтото коло во неизвесен натпревар загуби од Филип Младеновски од Шампион ФА.

  • Фаворитите според планот во второто и третото коло на пинг-понгарскиот шампионат

    СЦ „Борис Трајковски“ по вторпат оваа сезона ја собра елитата на македонскиот пинг-понг. Суперлигашите на вториот дел од турнирскиот систем на натпреварување ги одиграа натпреварите од рамките на второто и третото коло. Постигнате се следните резултати:

  • Почна пинг-понгарската Суперлига, убедлив триумф во дербито за Младост 96

    По речиси шестмесечна пауза од последниот првенствен натпревар и прекинот на првенството од минатата сезона поради пандемијата предизвикана од коронавирусот, со почитување на сите здравствени препораки, денес започна првенството во најсилната, Суперлига од пинг-понгарското првенство.

  • Во Пехчево отворен првиот пинг-понгарски камп во Македонија

    Во организација на Пинг-понгарската федерација на Македонија, со покровителство на Интернационалниот олимписки комитет и Македонскиот олимписки комитет во Пехчево започна кампот „Пехчево 2020“. Како што истакна претседателот на Пинг-понгарската федерација, Горан Тиловски активноста е дел од програмата за олимписка солидарност.

  • Пинг-понгот се враќа по корона-кризата, лигите започнуваат на 13 септември

    Последното официјално случување на пинг-понгарската сцена во Македонија беше некаде во средината на март, кога се одиграа натпреварите од десоттото коло во најелитното лигашко натпреварување. Оттогаш, исто како и другите спортови, поради пандемијата предизвикана од корона вирусот, беа откажани сите официјални натпревари. Воедно со тоа прекинаа и тренинзите на клубовите. По речиси петмесечна пауза, со добивањето на одобрението за продолжување на активностите во пинг-понгот од страна на комисијата за заразни болести, пинг-понгот се враќа онаму каде што му е местото, во спортските сали. Клубовите добија дозвола да го започнат својот процес на тренинзи, а федерацијата да ги организира планираните натпреварувања, при што треба строго да се почитуваат здравствените протоколи за борба против пандемијата предизвикана од ковид 19.

  • Прекинат пинг-понгарскиот шампионат, преодниот рок во август

    Пандемијата со коронавирусот, како и во останатите спортови, така и во пинг-понгот им ја ускрати можноста на натпреварувачите на спортските терени да покажат кој е најдобар. Пинг-понгарските натпревари се прекинуваат, сезоната е завршена, но не на пинг-понгарската маса туку на зелена маса. Ставовите на раководството на пинг-понгарската федерација и собранието на клубови на својата последна седница само ги потврди управниот одбор на пингпонгарската федерација.

  • Две сценарија за крај на сезоната во пинг-понгарското првенство

    На осми март се одиграа последните натпревари во пинг-понгарското првенство. Од тој датум поради пандемијата предизвикана од коронавирусот, како и во другите спортови, така и во пинг-понгот откажани се сите натпреварување. Во очекување на олабавување на рестриктивните мерки донесени од Владата, пинг-понгарската федерација изготви план на кој начин да се заврши сезоната 2019/20.

  • Прекинати сите пинг-понгарски натпреварувања до 30 јуни

    Една од последните организации кои означија прекин на натпреварувањето е Светската пинг-понг федерација. Интернационалната федерација донесе официјална одлука да ги откаже сите настани до 30 јуни. Светските ранг листи во машка и женска конкуренција ќе бидат замрзнати, слично како и во тенисот.

  • Фуриозен старт на пинг-понгарите на Младост 96 во пролетниот дел од сезоната

    Младост 96 на најдобар начин ја започна пролетната половина од сезоната 2019/20 во Суперлигата. Со две убедливи победи со максимален учинок испратија порака до градскиот ривап Младост дека битката за шампоин во пинг-понгарското првенство допрва почнува. Ривалот Младост по десет одиграни кола сеуште е неприкосновен има максимален учинок и во досегашниот тек на лига првенството, играчите на Младост уште не ја почуствувувале горчината на поразот. Борбата за опстанок ќе се води меѓу екипите на Телеком НЕЦ, Радовиш и Вардар, додека во опасната зона се наоѓа екипата на Работнички, додека Шампион ФА теоретски се во плеј-офот.

  • Продолжи пинг-понгарскиот шампионат, лесни победи за Младост и Шампион ФА

    Малата сала при СЦ „Борис Трајковски“ во пролетниот дел од сезоната 2019/20 ќе биде борилиштето каде што ќе ги одмерат силите најдобрите клубови во пинг-понгарското првенство. Од први до 22 март во четири турнуси ќе се одиграат натпреварите од Суперлигата и Првата лига.

  • Светското екипно првенство во пинг-понг откажано поради коронавирусот

    Коронавирусот зема се поголем данок и откажува натпревари, турнири и останати настани. 

  • ППФМ го активира проектот за поголема застапеност на пинг-понгот како спорт

    Пинг-понгарската федерација на Македонија активно се вклучува во различни проекти со кои го афирмира спортот кај најмладите. После проектот со Федерацијата за училишни спортови, проект со кој се отворија неколку тренинг центри во основните училишта ширум државата, во овој период работи на промоција на пинг-понгот меѓу студентите.

  • Стојчев и Михајловска сениорски У21 шампиони на Македонија во пинг-понг

    Вторите рангирни турнири во пинг-понг за јуниори и сениори помлади од 21 година викендов се одржаа во Прилеп. Во саботата играчите во јуниорска конкуренција го одиграа својот втор рангирен турнир. Во конкуренција на јуниори најуспешен беше Даниел Главевски Зхоу од ППК Мултитекс од Битола. Даниел во финалето го совлада Борис Секулов од ППК Астраион од Струмица. Секулов воедно е играч со најголем напредок кај младите категории. Изненади елиминацијата на водечкиот на ранг листата Теодор Волканоски од ППК Крушево, кој беше поразен во четвртфиналето.

  • Потврдена доминација на јуниорките во Балканската лига во пинг-понг

    Пинг-понгарската федерација на Македонија викендов беше домаќин на вториот круг од натпреварите во рамките на Балканската конект лига во пинг-понг за млади играчи. На натпреварувањето, покрај македонската репрезентација, учествуваа и репрезентациите на Косово и Црна Гора.

Pages