Големи трансфери се случуваат и во македонскиот пинг-понг. Шампионот Младост 96 се засили во пресрет на дебитантскиот настап во Трофејот на Европа, натпреварување во рамките на ЕТТУ (Европска пингпонгарска унија). Во прилепскиот клуб доаѓа Црногорецот Лука Бакиќ. Станува збор за мошне квалитетен играч, репрезентативец.
Минатиот викенд во Берово се одржа 29. првенство на Македонија во пинг-понг за сениори и сениорки. Учество зедоа околу осумдесет играчи од целата држава. По двегодишна пауза на ова државно првенство повторно се играа двојки во машка и женска категорија и двојки во мешана категорија.
Овој викенд се одржаа првото државно пинг-понгарско првенство оваа година и тоа во категорија кадети/ки помлади од петнаесет години. Првенството се одржа во Струмица, а учество земаа околу четириесет играчи.
Меѓународниот меморијален пинг-понгарски турнир „Илија Карески“ ги даде победниците во петте категории. Во највозрасната, секиорска конкуренција, победник е штипјанецот Петар Костовски, член на актуелниот македонски шампион Младост 96 од Прилеп.
Викендов во Берово е одржа првиот бодовен турнир Телеком Мастерс во пинг-понг во конкуренција за момчиња и девојчиња до 19 години. На турнирот учество зедоа 19 девојки и 31 момчиња:
Кадетската екипа на Пинг-понгарскиот клуб Куманово, во неделата настапи на традиционалниот Новогодишен и Божиќен турнир, во организација на академскиот Пингпонгарски клуб Студент од Скопје.
Gol.mk и Пинг-понгарската федерација на Македонија започнуваат нов проект, во кој сите натпревари од домашниот шампион директно ќе ги пренесуваме на нашиот медиум. Овој потег треба да ги израдува љубителите на пинг-понг спортот и да помогне околу развојот на оваа игра во нашата земја.
По две години прилепскиот тим на Младост 96 ја почуствува горчината на поразот во пинг-понгарскиот шампионат на Македонија. Последниот пораз прилепчани го забележаа во есента 2019 година од градскиот ривал Младост. Крива Паланка 2007 успеа да слави против прилепчани во изедначен натпревар, минимално со 4-3.
Во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје екипите кои се натпреваруваат во Суперлигата и Првата лига во пинг-понгарското првенство го имаа своето трето соочување, одигрувајќи ги натпреварите од четвртото и петтото коло.
Викендов во Струмица во салата на СОУ „Димитар Влахов“, со учество на единаесет екипи во конкуренција на јуниори и седум екипи во конкуренција се на јуниорки се одржаа квалификационите натпревари во јуниорската лига.
Со одигрувањето на натпреварите од второто и третото коло од двете најсилни лиги во сениорска конкуренција, се покажа дека има нови фаворити за највисок пласман. Минатогодишниот апсолутен шампион Младост 96 од Прилеп, после три одиграни кола со максимален скор уште љубоморно го чува првото место на суперлигашката табела.
Пинг-понгарската федерација на Македонија направи уште еден крупен чекор во патот кон континуирана поддршка на клубовите кои имаат младински школи. На поголем број клубови кои имаат школи за млади играчи од целата држава пинг-понгарската федерација им донираше помош во вид на професионални пинг-понг маси сертифицирани за натпревари според ИТТФ стандарди. Исто така клубовите добија помош во останат вид на опрема како рекети, топчиња и останати реквизити во тренинг.
Пинг-понгарската федерација на Македонија уште еднаш покажува дека како општествено одговорна организација ги исполнува своите ветувања и ги реализира договорите со организациите со кои потпишала меморандуми за соработка.
Вчера во Прилеп со натпреварот од Првата лига за сениорки помеѓу домашната екипа на Младост 96 и скопските Рисови официјално беше означен стартот на новата сезона 2021/22 во пинг-понгарското првенство. Поуспешни во овој натпревар беа прилепчанки кои со 4-2 го совладаа „рисиците“ од Скопје.
Кога пред три години беше формиран пинг-понгарскиот клуб Берово од Берово, никој ни во своите најоптимистички предвидување не се надеваше дека тоа ќе биде клуб кој за брзо време ќе стани хит во македонскиот пинг-понг. Колку популарноста на пинг-понгот во Берово влијаеше во регионот покажува и формирањето на пинг-понгарски клуб во соседната општина Пехчево.
Пред официјалниот почеток на новата натпреварувачка сезона репрезентативците од младинските категории учествуваат на меѓународни тренинг кампови и турнири. На турнирот во Опатија, Хрватска учествуваа јуниорската репрезентативка Ана Стојановска од Крива Паланка и кадетската репрезентативка Софија Хасану од Крушево.
Еден од спортовите каде лесно можеше да се претпостави каде ќе заминат златните медали е пинг-понг турнирот. Кинескиот тим со победа од 3-0 во машкото финале против Германија го комплетираше перфектниот турнир.
Македонските репрезентации во пинг-понг после настапот на Европското првенство во Полска и Балканското првенство во Бугарија го продолжуваат континуитетот на учество на меѓународните натпревари. Јуниорската и кадетскатата репрезентација ќе учествуваат на европското првенство во Загреб, Хрватска.