Младиот 17-годишен пингпонгар од Прилеп, Александар Рикалоски обезбеди квалификациите за учество на пинг-понг Олимпијадата. Турнирот ќе се одржи од 2 до 5 ноември во Сплит, а во конкуренцијата на 32 пингпонгари, Рикаловски ќе се обиде да се пласира меѓу најдобрите осум.
Подгорица и Црна Гора домаќини на Балканско У21 пинг-понг првенство. Теодор Кировски, Венко Стојанов и Методиј Бужаровски не претставуваа во машка конкуренција, а Ива Димитриевска, Бојана Михајловска и Ана Стојановска кај девојките.
Во пресрет на престојното Балканско првенство во пинг-понг за млади спортисти до 21 година, коешто ќе се оддржи во Подгорица од 2 до 6 август, нашите надежи одржуваат напорни подготвителни тренинзи. Подготовките ги започнаа со добри резултати, извојувајќи победа на пријателскиот меч против репрезентацијата на Косово.
Минатиот викенд во Штип во организација на Пинг-понгарската Федерација на Македонија и ППК УГД од Штип како технички организатор, се одржа државното поединечно првенство на Македонија. На првенството учествуваа 60 натпреварувачи и тоа 46 во машка и 14 во женска конкуренција.
Филип Костадиновски и Ана Стојановска, двајцата од од пигпонгарскиот клуб Крива Паланка се државни прваци до 18 години, на шампионатот, кој вчера се одржа вчера во Прилеп.
По 10. коло од Супер лигата на Македонија во пинг-понг, лидерот УГД Студент од Штип остана на водечкото место со максимален учинок и граби кон освојување на титулата. УГД Студент немаше тешка работа, па иако настапи без најдобриот пинг-понгар Кристијан Станојковски заради на рамото, славеше во Прилеп со 2-5.
Светот на пинг-понг спортот може да се пофали со несекојдневен рекорд. Холанѓанката Ли Жие и Хитоми Сато од Кина срушија рекордот во времетраење на еден поен. Новиот рекорд изнесува 10 минути и 13 секунди или 766 удари.
Денес, директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески оствари средба со претставници на пинг-понгарската федерација на Македонија. Тема на средбата беше презентација на новите мерки за развој на спортот и даночните поттикнувања во спортот во државата.
Пинг-понгарите на УГД Студент од Штип со максимални седум победи се есенски прваци во Суперлигата. УГД Студент предводен од претседателот Кире Барбареев и тренерот Ване Барбареев го извлекоа и последниот атом од своите играчи и најавија дека првата титула може да пристигне во Штип оваа пролет.
Во Кавадарци во салата „Јасмин“ се одржа државното поединечно првенство во пинг-понг за лица со инвалидност. Целиот настап беше организиран од НФСРИМ - Македонски Параолимписки Комитет. На првенството натпреварувачите се натпреваруваа во четири категории и притоа беа постигнати следните резултати:
Mакедонската пинг-понгарска репрезентација го подели третото и четвртото место на Балканското првенство во Никшиќ, Црна Гора. Селекцијата која ја предводеше тренерот на Студент, Ване Барбареев. а во составот се Филип Костадиновски, Христијан Јованов и Христијан Јовановски најнапред ја совлада Албанија со 3-0 и се пласира во полуфиналето.
Кинескиот пинг-понг тим во машка конкуренција ја оправда фаворитската улога и освои злато во екипна конкуренција со победата во мечот за златото против Јапонија со 3-1.
Кинескиот пинг-понг во состав Ли, Лиу и Динг го освои златниот медал во женска екипна конкуренција со лесна победа во финалето против Германија со 3-0, откако сите мечеви ги добија кинеските пинг-понгарки и загубија само еден сет од вкупно одиграните десет.
Во големото кинеско финале на машкиот турнир во пинг-понг, нов олимписки шампион стана Ма Лонг, кој во финалето во кое немаше голема борба го совлада сонародникот Јике Жанг со 4-0 во сетови (14-12, 11-5, 11-4, 11-4).
Во финалето на пинг-понг турнирот на Олимписките игри во Рио се сретнаа две натпреварувачки од Кина. Нинг Динг беше за нијанса подобра и ја победи својата сонародничка, Ксиоксија Ли со 4-3 во сетови (11-9, 5-11, 14-12, 9-11, 8-11, 11-7, 11-4).
Пинг-понгарскиот клуб „Гоце Делчев“ заврши на првото место во овогодишниот плеј-оф од македонската Супер лига и тоа со максимален скор од шест победи и ниту еден пораз.
Кристијан Станојковски од УГД - Штип е државен првак во пинг-понг на сениорското првенство кое овој викенд заврши во Струмица. Тој во финалето го совлада Филип Младеновски од ФА Шампиони. Јочковски од Работнички и Апосотолоски од Вардар завршија на третото и четвртото место.
На пинг-понг турнирот во Кувајт, во натпревар од второто коло, Јапонецот Мизутани Јун и Португалецот Тиаго Аполониа го одиграа се чини најдобриот поен за 2016 година.