Заврши третото издание на Меѓународниот Меморијален пинг-понгарски турнир „Илија Карески-Каре“, во чест и спомен на големиот пингпонгар, тренер и спортски работник. Викендов во салата од ООУ „Добре Јованоски“ во Прилеп учество зедоа 132 пинг-понгари и пинг-понгарки од седум земји. Бугарија беше застапена со ден клуб, а останатите со повеќе. Црна Гора и Србија со по два, Грција и Косово со по три, Албанија со четири, Македонија со шеснаесет клуба.