• Зоран Мишевски

Денес во основното училиште „Коле Канински“ во Битола во организација на Федерацијата за училишни спортови и во соработка со ППФМ, се одржа државното првенство во пинг-понг во конкуренција на основни училишта. На првенството учествуваа 34 момчиња и 19 девојчиња од основните училишта од цела Македонија.
Државното првенство помина во пријатна атмосфера, а најголем успех постигнаа играчите кои активно тренираат во некој од клубовите кои учествуваат во првенството во пинг-понг на нашата земја. Посебно интересни беа финалните натпевари во кои имаше неизвесна борба, пресврти и многу возбудливи поени.
Финале -мажи: Даниел Зхоу Главевски - Лука Стојчев 2-1
Финале - жени: Васе Богоевска - Сара Стојановска 2-1
Финален пласман (м):
1. Даниел Зхоу Главевски
2. Лука Стојчев
3. Кенан Асанов
3. Антонио Крстевски
Финален пласман (ж):
1. Васе Богоевска
2. Сара Стојановска
3.Софија Хасану
3. Деспина Ристовска