• Зоран Мишевски

Есенскиот дел на натпревари од пинг-понгарската сезона 2022/23 во женската сениорска лига заврши овој викенд по одигрување и на последните натпревари.
Екипата на ППК Зегин Берово е на првото место на табелата по завршувањето на натпреварите со освоени 7 поени, односно четири победи и еден загубен меч. Сo 7 поени на второто и третото место се ППК Крива Паланка и ППК Шампион Фа, а меѓу нив единствена разлика е количникот на добиени и изгубени сетови.
Овој викенд во Струмица исто така се играа и неколку мечеви од јуниорската лига.
Јуниорска лига (ж):
Кавадарци - Рисови 0-3
Рисови - Младост 96 3-2
Јуниорска лига (м) регион 2:
Берово - Астраион 1-3
Кавадарци - Астраион 0-3
Младост 96 - Берово 1-3
Астраион - Младост 1-3
Берово - Кавадарци 3-0