• Зоран Мишевски
Со одигрување на вториот турнус во Јуниорска лига за машки и девојчиња пинг-понгарскиот клуб (ППК) Зегин Берово го заврши првиот дел од сезоната на првото место. Со максимален учинок од 10 и 6 победи, соодветно кај машките и женските, Берово е есенски шампион.
Пелагонија и Младост 96 следат во чекор на второто и третото место во двете категории.
Јуниорската лига е приказ на тоа колку македонските екипи вложуваат во децата и младите и така ги градат идните шампиони на македонскиот пинг-понг.