Заврши регуларниот дел за пингпонгарите, познати полуфиналните парови

Изминатиов викенд и официјално заврши регуларниот дел од првенството во Суперлигата на Македонија во пинг понг и познати се четирите екипи кои го продолжуваат својот поход кон шампионскиот трофеј. 

Во последното 14. коло Телеком Нец со 4-3 го совлада Шампион Фа, Вардар извојува победа на Младост од 4-2, додека Младост 96 со убедливи 4-0 го среди тимот на УГД со 4-0. Екипата на Мултитекс не се појави и не играше со Работнички.

  • Табела:

Вардар 27
Младост 25
Телеком Нец 24
Младост 96 24
Шампион ФА 19
Работнички 19
УГД 16
Мултитекс 13

Во разигрувањето првиот полуфинален пар го сочинуваат екипите на Вардар и Младост 96. „Црвено-црните“ двапати го совлада Младост 96 во првенството, па така во овој двомеч кој се игра на две добиени ќе имаат предност од 1-0. 

Второто полуфинале започнува израмнето и во истото ќе се судрат Младост и Телеком Нец. Во регуларниот дел, двете екипи забележаа по една победа и почнуваат од нула.