Заврши регуларниот дел од пинг-понгарската Суперлига, ППК Вардар испадна во Прва лига

Во неделата се одиграа последните кола од регуларниот дел на Суперлигата и Првата лига во пинг-понг и со тоа се комплетираа резултатите од сите натпревари за сезоната 2021/22.

Во Суперлигата екипите на ППК Крива Паланка 2007, ППК Младост 96, ППК Шампион Фа и ППК Телеком Нец 2 ќе играат плеј-оф за одредување на шампион. Македонија. Екипата на ППК Младост е првопласирана, пред екипата на ППК Рисови заради подобар скор на добиени/загубени сетови во меѓусебните дуели (23/22) .

Екипата на ППК Радовиш е за нијанса пред екипата на ППК Работнички од истата причина (28/26). Овие две екипи ќе играат бараж за опстанок во Суперлигата со екипа од Прва лига. ППК Вардар испадна од Суперлигата и следната сезона 2022/23 ќе игра во Првата лига. 

Екипите на ППК Зегин Берово и ППК Крива Паланка се пласираат дирекно во Суперлигата, а ППК Телеком Нец и ППК Кочани ќе играат бараж натпревар со екипа од Суперлигата за влез во елитата. Екипите на ППК Дебар Маало и ППК Кратово ќе играат бараж натпревари со екипа од Втора лига за место во Првата лига.

Плеј-офот ќе започне на 21 мај со првиот полуфинален натпревар. Бараж натпреварите за влез во Суперлигата ќе се играат на 22 мај, а бараж натпреварите за влез во Прва лига се закажани на 4 јуни.