Заврши регуларниот дел од пинг-понгарската лига, Работнички испадна од елитата

Викендов се одиграа последните две кола од регуларниот дел од македонското пинг-понгарско првенство, по кои повеќекратниот шампион Работнички го загуби местото во Суперлигата. Од лигата покрај Работнички испаѓаат и екипите на Телеком НЕЦ и Струга. Екипата на Радовиш шансата за опстанок ќе ја бара во бараж натпреварот со екипата на Рисови, кои беа второпласирани во првата лига.

Место во плеј-оф натпреварите обезбедија екипите на Младост 96, екипа која во регуларниот дел на првенството заврши со 18 победи од исто толку натпревари, Младост, Шампион Фа и Телеком НЕЦ 2, екипа која во пролетниот дел на сезоната забележа само еден пораз од првопласираната екипа на Младост 96.

Полуфиналните плеј-оф парови ги сочинуваат, Младост 96 – Телеком Нец 2, и Младост – Шампион ФА. Екипите на Младсот 96 и младост стартуваат со предност од 1-0, бидејќи имаат по две победи над своите ривали во регуларниот дел од првенството.

17. коло: 
Вардар – Работнички 4-2 
Струга – Телеком Нец 3-4 
Младост – Шампион ФА 4-3 
Радовиш – Телеком Нец 2 1-4
Крива Паланка 2007 – Младост 96 1-4. 

18. коло: 
Работнички – Крива Паланка 2007 0-4 
Младост 96 – Радовиш 4-0 
Телеком Нец 2 – Младост 4-1 
Шампион ФА – Струга 4-0 
Телеком Нец – Вардар 2-4.