• Зоран Мишевски

Овој викенд се одржаа и последните пинг-понгарскитурнири за оваа сезона 2021/22 година. На петтото Државно првенство во категорија помлади од 21 година во Крива Паланка настапија околу четириесет играчи.
Машка конкуренција:
1. Дамјан Стојчев - ППК Шампион Фа, Штип
2. Нико Доага - ППК Крушево, Крушево
3. Теодор Волкановски - ППК Крушево, Крушево
3. Александар Јакимовски - ППК Крива Паланка, Крива Паланка
Женска конкуренција:
1. Ана Стојановска - ППК Крива Паланка, Крива Паланка
2. Сара Чипевска - ППК Зегин Берово, Берово
3. Бојана Михајловска - ППК Рисови, Скопје
3. Сара С. Стојановска - ППК Крива Паланка, Крива Паланка
Се одиграа и категориите во двојки и мешани двојки каде што во машка категорија победија браќата Дамјан и Лука Стојчеви од ППК Шампион Фа пред Теодор Волкановски и Нико Доага од ППК Крушево. Во женска конкуренција победија Бојана Михајловска и Ива Димитриевска од ППК Рисови пред Фани Јованска и Изабела Ковачовска од ППК Крушево и ППК Зегин Берово. Во мешани двојки победи извојуваа Александар Јакимовски и Ана Стојановска од ППК Крива Паланка, пред Ива Димитриевска и Нико Доага од ППК Рисови и ППК Крушево.
Во Крива Паланка заврши и ТОП 8 турнирот во категорија У21 за мажи и жени, со што се комплетираа резултатите на ранг табелата.
Машка конкуренција:
1. Дамјан Стојчев - ППК Шампион Фа, Штип
2. Теодор Волкановски - ППК Крушево, Крушево
3. Александар Јакимовски - ППК Крива Паланка, Крива Паланка
Женска конкуренција:
1. Ива Димитриевска - ППК Рисови, Скопје
2. Бојана Михајловска - ППК Рисови, Скопје
3. Софија Хасану - ППК Крушево, Крушево
По завршувањето на сите домашни турнири нашите репрезентативци ги чека меѓународен предизвик. Нашата репрезентација ќе учествува на Европското Првенство во категорија У13 во Подгорица, Црна Гора од 16 до 19 јуни, Балканско првенство во категорија У15 и У19 од 22 до 26 јуни ќе се одржи во Албена, Бугарија, Европско Првенство во категории У15 и У19 во Белград, Србија од 6 до 15 јули и сениорското Европско Првенство во Минхен, Германија од 12 до 17 август.