Започна пинг-понгарското првенство, очекувана победа на Младост 96

Вчера во Прилеп со натпреварот од Првата лига за сениорки помеѓу домашната екипа на Младост 96 и скопските Рисови официјално беше означен стартот на новата сезона 2021/22 во пинг-понгарското првенство. Поуспешни во овој натпревар беа прилепчанки кои со 4-2 го совладаа „рисиците“ од Скопје.

Денес во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје своето прво соочување го имаа клубовите од Суперлигата и Првата лига. Шампионот од минатата сезона со максимални 4-0 ги совлада штипските Шампион ФА, со што го најави походот кон одбрана на шампионската титула, за која најсериозен противник ќе имаат во Крива Паланка 2007, екипа која на стартот го совлада Работнички со 4-1.

Најинтересниот натпревар во рамките на првото коло го одиграа Младост од Прилеп и Вардар од Скопје. Поуспешни беа пинг-понгарите на Младост со 4-3, во натпревар кој беше неизвесен до последниот поен, па  последните два поени го одлучија победникот.

Телеком НЕЦ 2 беше поуспешен со 4-2 од Радовиш. Слободна беше екипата на Рисови, бидејќи ППК Мултитекс од Битола пред самиот старт на лигата поради финансиски проблеми го откажа своето учество во првенството.ж

Прва лига:
Телеком НЕЦ - Кочани 4-0
Крива Паланка - Дебар Маало 4-0
Струга - Борец ТИМ 0-4 (службено)
Зегин Берово - Кратово 4-0

Натпреварите од Суперлигата и Првата лига продолжуваат на 24 октомври, кога ќе се одиграат второто и третото коло.