Започна пинг-понгарската пролет, без изненадувања на стартот

Овој викенд се играа првите натпревари од клубскиот систем на напреварување за сезона 2022/23 - пролетен дел. Во саботата се играа натпреварите од Втората машка и Првата женска лига жени и се постигнаа следните резултати:

Втора лига:
Пелистер - Прилеп 3-4

Женска лига:
Крива Паланка - Зегин Берово 4-3

Во неделата се играше десеттото коло од Суперлигата и Првата лига во машка конкурнеција. Се постигнаа следните резултати:

Суперлига 
Десеттто коло:

Берово - Рисови  4-3
Кочани - Телеком Нец 2  1-4
Младост - Крива Паланка 2007  0-4
Младост 96 - Крива Паланка 4-3
Шампион Фа - Работнички  4-2

Прва лига
Десетто коло:

Астраион - Кратово 4-1
Берово 2 - Шуто Оризари 4-0 (службен резултат)
Пелагонија - Борец Тим 4-2
Радовиш - Дебар Маало 4-1
Телеком Нец - Вардар 1-4

По одиграните натпревари нема промена на лидерските места на табелата. Во Суперлигата екипите Телеком Нец 2 и Младост 96 го делат првото место, додека во Првата лига екипите на Вардар и Пелагонија се на врвот.