Волканоски и Стојановска државни јуниорски прваци во пинг-понг

Теодор Волканоски од ППК Крушево и Ана Стојановска од ППК Крива Паланка се новите државни прваци во пинг-понг во конкуренција на јуниори. На Државното првенство кое се одржа во Крива Паланка, со учество на повеќе од 30 натпреварувачи во конкуренција на јуниори, Волканоски и Стојановска супериорно ги освоија титулите. На патот до титулата државните прваци изгубија само по два сета во своите натпревари.

Волканоски во финалето беше поуспешен од Борис Секулов од ППК Астраион од Струмица. Ана Стојановска во финалето славеше победа над Катарина Лаура Михаилов, која за првпат настапи на едно натпреварување во Македонија. Михаилов која е македонски државјанин живее во соседна Србија.

Јуниори:
1. Теодор Волканоски ППК Крушево
2. Борис Секулов ППК Астраион
3. Даниел Зхоу Главевски ППК Мултитекс, Нико Доага ППК Крушево

Јуниорки:
1. Ана Стојановска ППК Крива Паланка
2. Катарина Лаура Михаилов
3. Сара С Стојановска ППК Крива Паланка, Софија Хасану ППК Крушево