Викендов се одржаа три Телеком Мастерс турнири во пинг-понг

Викендов се одржаа три Телеком Мастерс младински турнири во различни категории.

Во Крива Паланка се одржа вториот Телеком Мастерс бодовен турнир во конкуренција до 15 години.

Кај момчињата Александар Јакимовски од Крива Паланка успеа да заврши прв, совладувајќи го Лука Стојчев во финалето и со тоа се искачи на првото место на ранг листата со ист број поени како својот ривал Лука Стојчев.

  1. Александар Јакимовски - ППК Крива Паланка
  2. Лука Стојчев - ППК Шампион Фа
  3. Андреј Стојановски - ППК Крива Паланка и ЛукаДворник – ППК Рисови

Кај девојките имаше ист пресврт. Изабела Ковачовска од Берово, која на претходниот турнир загуби од Софија Хасану, сега ѝ се одмазди и победи на турнирот. Сега двете го делат првото место на ранг листата со ист број поени.

  1. Изабела Ковачовска – ППК Берово
  2. Софија Хасану – ППК Крушево
  3. Моника Стајковска - ППК Берово и Фани Јовановска – ППК Крушево

Во Крива Паланка се одржа и вториот Телеком Мастерс бодовен турнир во конкуренција до 19 години.

Александар Јакимовски иако е момче од категорија У15 сепак успеа да дојде до победа во повозрасната категорија до 19 години. Со оваа победа тој го зацврсти првото место на ранг листата.

  1. Александар Јакимовски- ППК Крива Паланка
  2. Теодор Волкановски - ППК Крушево
  3. Нико Доага - ППК Крушево и Даниел Зхоу Главевски – ППК Пелагонија

И во женска категорија Ана Стојановска од Крива Паланка со триумф се зацврсти на првото место на ранг листата.

  1. Ана Стојановска – ППК Крива Паланка
  2. Софија Хасану – ППК Крушево
  3. Катарина Лаура Михајлов – ППК Телеком Нец 2 и Васе Богоеска – ППК Крушево

За крај на неделата беше одржан и вториот Телеком Мастерс за сениорска конкуренција во Берово. Конечниот пласман е следниот:

Мажи:

  1. Филип Младеновски – ППК Шампион Фа
  2. Дамјан Стојчев – ППК Шампион Фа
  3. Александар Марковиќ - ППК Вардар и Антонио Стомнароски - ППК Младост 96

Жени:

  1. Катерина Лаура Михајлов – ППК Телеком Нец 2
  2. Ана Стојановска – ППК Крива Паланка
  3. Амелија Николов - ППК Шампион Фа и Бојана Михајловска – ППК Рисови