Вардар и Младост ќе играат за титулата во пинг-понгарскиот плеј-оф

Викендот што помина на пинг-понгарската сцена понуди многу интересни случувања. Во саботата во Прилеп се одигра вториот полуфинален натпревар oд плеј-офот на екипниот шампионат. Екипата на Вардар поради подобриот скор од 2-0 во регуларниот дел од сезоната во полуфиналната пресметка стартоваше со предност од 1-0 во дуелот со прилепски Младост 96.

Првиот натпревар кој донесе многу неизвесност го добија прилепчани со 4-3 и му го нанесоа вториот пораз на Вардар во целата сезона, откако во регуларниот дел на сезоната Вардар беше поразен од другата прилепска екипа, Младост. 

Истиот ден во попладневните часови се одигра и решавачкиот натпревар за пласман во финалето на плеј-офот. Овој пат вардарци покажаа зошто беа најдобриот тим во текот на целата сезона. Во вториот натпревар извојуваа убедлива победа од 4-1. 

Во финалето на плеј-офот ќе се сретнат екипите на Вардар и Младост, додека за трето место ќе се борат екипите на Младост 96 и Телеком НЕЦ.