• Зоран Мишевски

Овој викенд во Спортскиот Центар „ФОРЦА“ во Скопје се одиграа натпреварите од 10. и 11. коло од првенството на Македонија во пинг-понг.
Во дербито од десеттото коло, Вардар го совлада Телеком НЕЦ со 4-2 за Вардар. Србинот Милош Миленковиќ го победи државниот шампион и оваа сезона непоразен Кристијан Станојковски со 3-0.
Суперлига:
10. коло
Телеком НЕЦ – Вардар 2-4
Младост 96 – Мултитекс 4-0
УГД – Шампион ФА 1-4
Младост – Работнички 4-0
11. коло
Младост – Телеком НЕЦ 1-4
Работнички – УГД 4-0
Шампион ФА – Младост 96 1-4
Мултитекс – Вардар 1-4
Лидер е Вардар со десет победи од 11 кола и единствена екипа која го следи чекорот е Младост со девет победи и два порази.