• Зоран Мишевски
По 10. коло од Супер лигата на Македонија во пинг-понг, лидерот УГД Студент од Штип остана на водечкото место со максимален учинок и граби кон освојување на титулата. УГД Студент немаше тешка работа, па иако настапи без најдобриот пинг-понгар Кристијан Станојковски заради на рамото, славеше во Прилеп со 2-5.
Во дербито во Скопје, Работнички со 5-4 го совлада тимот на Шампиони Фа и се зацврсти на второто место на табелата. Во останатите средби Вардар подобар од Радовиш со 5-1, а Младост 96 беше подобар од Телеком Нец со 5-3.
Со максимален учинок на табелата води УГД Студент со 20 бода, пред Работнички со 18, а Шампиони Фа, Вардар и Младост 96 собраа по 12 бода.