• Зоран Мишевски

Македонските пинг-понг репрезентативци Кико Станојковски и Филип Младеновски во машка конкуренција, и Амелија Уце во конкуренција на жени ќе ја претставуваат нашата земја на Европското првенство во Аликанте, Шпанија.
Првенството ќе се одржи од 18 до 23 септември, а со делегацијата ќе патува и тренерот на македонските играчи, Филе Матевски.
Ждрепката ќе се одржи на 16 септември. Во истиот временски период ќе се одржат конгресите на ЕТТУ и на Балканската пинг-понгарска федерација. На конгресите ППФМ како делегат ќе ја претставува претседателот на ППФМ, Горан Тиловски.