Тројца македонски пинг-понгари со позитивни вибрации се вратија од ЕП во Варшава

Македонската сениорска репрезентација во пинг-понг, во состав Кристијан Станојковски и Билјана Младенова, предводени од селеторот Сашко Богатинов, достојно ја претставија нашата држава на Европското првенство во поединечна конкуренција во Варшава, Полска.

Познавајќи го квалитетот на европските професионалци, нашите претставници покажаа борбеност, мотивираност во секој поен, со освојување на некој сет. И во вакви тешки моменти на пандемија, кога доста селекции го откажаа учеството на Европското првенство, сепак ППФМ одлучи да биде дел од европското пинг- понгарско семејство, промовирајки ја својата земја.

Кадетите и јуниорите ќе учествуваат на Балканското првенство во пинг-понг во Албена, Бугарија каде што ќе се одржат натпреварувања во екипна и поединечна конкуренција. Вкупно десет натпреварувачи, четири кадети и шест јуниори ќе ја претставуваат Македонија на ова натпреварување. Нашите репрезентативци на ова натпреварување ќе бидат предводени од тренерите Зоран Јованоски и Гоце Тошески.