• Саше Љолес
Пинг-понг екипата на Младост 96 го запоседна врвот на табелата по одиграните 6. и 7. коло во македонската Суперлига.
Лидерот на табелата успеа да се „извлече“ и ја победи екипата на Пелагонија со резултат 4-3, додека Астраион од Струмица со две чисти победи се зацврстува на втората позиција и прикажува одлични игри во дебитантската сезона во најквалитетното натпреварување во Македонија.
Битката за шампионската титула станува интересна и во Првата лига, каде Работнички рутински однесе две победи, најпрво против Кочани со 0-4, а потоа и против Рисови со конечен резултат 4-0.
На табелата во Суперлигата лидерот Младост 96 има 14 бода, два повеќе од Астраион, додека во Првата лига првопласиран е тимот на Работнички со 14 бодови, а еден помалку имааат АС Ѓорче Петров и Крива Паланка 2007.
Последните две кола за есенската полусезона ќе се одиграат на 24 ноември во спортскиот центар „Јане Сандански“.