• Редакција Gol.mk
Македонските пинг-понгарки Сара и Ана Стојановски, членки на ППК Крива Паланка се враќаат со освоија еден златен и два бронзени медали од меѓународниот пинг-понг турнир во Лерин, Грција.
Сара Стојановски се избори за бронзен медал, откако беше поразена во полуфиналето по тесен и неизвесен меч. Со зрел пристап и борбен дух, таа покажа дека и понатаму ќе биде силен конкурент во младинската категорија.
Двете сестри настапија во сениорска конкуренција и токму во полуфиналето се соочија една против друга. Ана Стојановски извојува победа во сестринскиот дуел и подоцна го освои првото место, триумфирајќи и во финалето. Сара стигна до бронзен медал, со што ППК Крива Паланка запиша нови три медали на меѓународна сцена.
Од клубот велат дека се особено горди на настапот на двете млади девојки, кои со својата посветеност и резултати придонесуваат за афирмација на спортот во Крива Паланка.
На турнирот учествуваа играчи од повеќе држави, а македонските претставници имаа силна поддршка од публиката, вклучувајќи и навивачи од Крива Паланка.