Треноски и Јованоска први државни прваци во У12 државното првенство во пинг-понг

По едномесечен прекин во СЦ „Борис Трајковски“, во малата „А1 Арена“, повторно продолжија натпреварите во пинг-понгонгарските лиги. Честа да го најават продолжувањето на натпреварите ја имаа најмладите, играчите помлади од 12 година во катекоријата У12.

За првпат во Македонија се организираше државно првенство во пинг-понг за оваа категорија на играчи. Со скромен број на натпреварувачи, вкупно 23, во конкуренција на момчиња и девојчиња започнува една нова традиција во македонскиот пинг-понг - традиција за која од пинг-понгарската федерација се надеваат дека ќе испише нови страници во пинг-понгот.

Како први државни прваци на Македонија во конкуренција на млади кадети ќе бидат запишани Љупчо Треновски од ППК Зегин Берово и Фани Јовановска од ППК Крушево. Треновски во финалето беше подобар од клупскиот соиграч Кристијан Каламадевски, додека бронзата кај момчињата ја освоија Леонид Гидалов и Георгиј Стојаноски од ППК Студент.

Кај девојчињата Јованоска беше подобра од Матеја Смолиќ од ППК Рисови, додека на третото место се пласираа Сара Ризовска и Моника Стајковска од ППК Зегин Берово. Државното првенство покажа дека ППК Зегин Берово во моментот е најголемиот расадник на млади пинг-понгарски таленти. Уште поголема тежина на нивниот успех додва и фактот дека клубот е формиран пред само две години.

Најмладите денес продолжуваат си натпреварите, на програмата се ТОП 8 турнирите, на кои учествуваат најдобрите осум на ранг листата.