Телеком Нец 2 и Младост 92 финалисти во пинг-понгарската Суперлига

По само еден одигран натпревар познати се финалистите на плеј-офот во пинг-понгарскиот шампионат на Македонија. Во Штип екипата на Телеком Нец 2 во неизвесен и крајно возбудлив натпревар со резултат 4-3 го победи тимот на Шампиони ФА и со вкупен резултат од 2-0 се пласира во финалето на лигата.

Во исто време во Берово се одигра натпреварот помеѓу Зегин Берово и Младост 96 од Прилеп, каде гостите со резултат 4-1 изборија пласман во финалето. Термините за финалните натпревари се трети мај во Прилеп, четврти мај во Скопје и евентуален трет натпревар на десетти мај повторно во Прилеп.

Викендов се играа и бараж натпреварите за пласман во Суперлигата. ППК Младост и ППК Работнички остануваат во Суперлига за следната сезона 23/24.

Бараж натпревари за пополнување на Суперлигата:
Младост - Телеком Нец  4-0
Работнички - Астраион  4-2