• Горан Упале

Во пресрет на финалето на Светското фудбалско првенство во Русија, од Хрватска пристигнува тажна вест, откако оваа земја остана без еден од најуспешните спортисти во историјата.
Синоќа, почина легендарниот пингпонгар Драгутин Шурбек, кој своевремено ги радуваше Хрватите со светски и европски злата. Како што објавуваат хрватските медиуми, ноќва 72-годишниот Шурбек изненадувачки починал во својот дом во Загреб.
Во својата богата и незаборавна кариера, Шурбек освоил вкупно 36 медали на големите натпреварувања, успех кој е недостижен во денешно време.