Светското екипно првенство во пинг-понг откажано поради коронавирусот

Коронавирусот зема се поголем данок и откажува натпревари, турнири и останати настани. 

Последна потврда за откажан голем турнир, е Светското екипно првенство во пинг-понг, кое требаше да се одржи во Бушан, Јужна Кореја. 

Според планот, натпреварувањето требаше да се одигра од 22 до 29 март, но поради опасност од вирусот нема да се одигра во планираниот период. 

Меѓународната пинг-понг федерација најави дека најверојатно Мундијалот ќе се одржи од 21 до 28 јуни.