Светската пинг-понг елита полека пристигнува во Скопје

В понеделник започнува престижниот и досега најголем пинг-понг настан во Македонија – World Table Tennis Contender Skopje 2024. Пријавите доаѓаат од доминантната Кина, потоа Германија, Франција, Словенија, а доаѓа и Дарко Јоргиќ кој од оваа недела е меѓу првите десет најдобри во светот.

Повеќе од сто пинг-понгари во понеделник ќе го донесат светскиот пинг-понг во салата „Јане Сандански“ во Скопје, а нашите љубители на овој спорт ќе можат бесплатно да ги следат натпреварите. Тиезапочнуваат во 10:00 часот, секој ден од 9 до 15 јуни.

Организацијата на ваков престижен и од светски карактер натпревар е признание за федерацијата и за земјата, затоа што истиот се вбројува во само неколку од овој ранг кои во 2025 година се одржуваат ширум светот.