Свечено отворен Балканскиот шампионат во пинг-понг за јуниори и кадети

Во СЦ „Форца“ во Скопје утрово свечено беше отворено Балканското првенство во пинг-понг за јуниори и кадети. Првенството за отворено го прогласи градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов.

Дванаесет држави со над 120 натпреварувачи во сите категории во наредните пет дена ќе се борат за епитетот балкански првак во екипна и поединечна конкуренција, на најмасовното Балканско првенство одржано досега.

Во првите два дена на програмата се натпреварите во екипна конкуренција. Натпреварите во поединечна конкуренција започнуваат в петок. Првенството завршува во недела на 16 јуни со церемонијата на свеченото доделување на одличјата на најдобрите во поединечна конкуренција.

Влезот за сите љубители на пинг-понгот е слободен.