Стонојковски и Николов државни прваци во пинг-понг

Минатиот викенд во Берово се одржа 29. првенство на Македонија во пинг-понг за сениори и сениорки. Учество зедоа околу осумдесет играчи од целата држава. По двегодишна пауза на ова државно првенство повторно се играа двојки во машка и женска категорија и двојки во мешана категорија.

Најмногу медали освоија играчите на екипата Шампион Фа од Штип.

Сениори:
1. Кристијан Станојковски - ППК Крива Паланка 2007
2. Филип Младеновски - ППК Шампион Фа
3. Раиф Рустемовски - ППК Младост 96 и Петар Митков ППК Крива Паланка 2007

Сениорки:
1. Амелиа Николов - ППК Шампион Фа
2. Билјана Младенова - ППК Шампион Фа
3. Катерија Лаура Михајлов - ППК Телеком Нец 2 и Ана Стојановска - ППК Крива Паланка

Сениори двојки:
1. Петар Костовски - ППК Младост 96 и Сашо Смолиќ ППК Рисови
2. Филип Младеновски и Дамјан Стојчев - ППК Шампион Фа
3. Кристијан Станојковски и Мартин Стаменковски - ППК Крива Паланка 2007 и Сашо Стојановски и Васко Манасијевски - ППК Работнички

Сениорки двојки:
1. Амелија Николов и Билјана Младенова - ППК Шампион Фа
2. Ана Стојановска - ППК Крива Паланка и Катерина Лаура Михајлов - ППК Телеком Нец 2
3. Софија Хасану ППК Крушево - Моника Стајковска - ППК Берово и Димитриевска Ива и Михајловска Бојана - ППК Рисови

Мешани двојки:
1. Младеновски Филип и Амелиа Николов - ППК Шампион Фа
2. Станојковски Кристијан - ППК Крива Паланка 2007 - Димитриевска Ива - ППК Рисови
3. Стојчев Дамјан и Билјана Младенова - ППК Шампион Фа и Стомнароски Антонио ППК Младост 96 - Стојановска Ана - ППК Крива Паланка