Стојчев и Михајловска сениорски У21 шампиони на Македонија во пинг-понг

Вторите рангирни турнири во пинг-понг за јуниори и сениори помлади од 21 година викендов се одржаа во Прилеп. Во саботата играчите во јуниорска конкуренција го одиграа својот втор рангирен турнир. Во конкуренција на јуниори најуспешен беше Даниел Главевски Зхоу од ППК Мултитекс од Битола. Даниел во финалето го совлада Борис Секулов од ППК Астраион од Струмица. Секулов воедно е играч со најголем напредок кај младите категории. Изненади елиминацијата на водечкиот на ранг листата Теодор Волканоски од ППК Крушево, кој беше поразен во четвртфиналето.

Со овој пораз Волканоски му го препушти лидерското место на Главевски, кој со оваа победа е највисоко рангиран играч во категоријата на јуниори. Кај јуниорките најуспешна беше Ана Стојановска од ППК Крива Паланка, која во финалето беше поуспешна од Бојана Михајловска од ППК Рисови од Скопје. И покрај поразот во финалето Михајловска уште е водечка на ранг листата кај јуниорките

Јуниори:
1. Даниел Главевски Зхоу (ППК Мултитекс)
2. Борис Секулов (ППК Астраион)
3. Иво Мартиновски (ППК Студент 2) и Леонид Гошев (ППК Винспин)

Јуниорки:
1. Ана Стојановска (ППК Крива Паланка)
2. Бојана Михајловска (ППК Рисови)
3. Васе Богоеска (ППК Крушево) и Софија Хасану (ППК Крушево)

Кај сениорите до 21 година најуспешен беше Дамјан Стојчев од ППК Шампион Фа, кој во финале со пресврти поуспешен беше од Филип Костадиновски од ППК Крива Паланка со 4-3
Кај сениорките најуспешна беше Бојана Михајловска од ППК Рисови, која во полуфиналето и се реваншира за вчерашниот пораз на Ана Стојановска, за во финалето со комплетен пресврт после негатива од 3:1 во сетови, Михајловска успева да ја совлада Ива Димитриевска.

Сениори У21:
1. Дамјан Стојчев (ППК Шампион ФА)
2. Филип Костадиновски (ППК Крива Паланка)
3. Даниел Главевски Зхоу (ППК Мултитекс) и Теодор Волкановски (ППК Крушево)

Сениорки У21:
1. Бојана Михајловска (ППК Рисови)
2. Ива Димитриевска (ППК Рисови)
3. Ана Стојановска (ППК Крива Паланка) и Васе Богоеска (ППК Крушево)