Стојчев и Јовановска победници на државниот шампионат во пинг-понг за основци

Со учество на 56 натпреварувачи од кои 40 во машка конкуренција и 16 во женска конкуренција, а под покровителство на Федерацијата за училишен спорт на Македонија и во техничка реализација на Пингпонгарската федерација, денес во спорската сала на Средното медицинско училиште „Ѓорче Петров“ во Прилеп се одржа Државното првенство во пинг-понг за основни училишта.

Најуспешен кај момчињата беше Лука Стојчев кој оваа сезона победува на сите турнири кои се во негова категорија, недозволувајќи ни малку надеж на неговите противници дека некој може да го симни од тронот. Во финалето Лука го совлада Александар Јакимовски со 3-0, додека во малото финале поуспешен од двајцата струмичани, беше Кенан Асанов, победувајќи го Борис Секулов со 3-0.

Финален пласман (мажи):
1. Лука Стојчев
2. Александар Јакимовски
3. Кенан Асанов

Кај девојчињата далеку повозбудлив дел од турнирот. Првата носителка Васе Богоеска од Крушево беше елиминирана од Сара С. Стојановска, која беше втора носителка уште во четвртфиналето. Доколку развојот на настаните одеше според ранкингот Сара и Васе ќе играа во финалето. Но, Сара загуби во групата од Изабела Ковачовска и така како второпласирана во групата ждрепката сакаше двете прворангирани да се сретнат уште во четвртфиналето.

Таму, најперспективната пингпонгарка, Фани Јовановска ја елиминира Сара Стојановска за во финалето повторно да биде поуспешна, победувајќи ја својата клупска другарка од ППК Крушево, Софија Хасану со 3-0 во многу изедначен натпревар. Во борбата за бронзениот медал, Стојановска ѝ се реваншира за поразот во групата на Ковачовска и го освои третото место.

Финален пласман (жени)
1. Фани Јовановска
2. Софија Хасану
3. Сара С. Стојановска