Стојчев и Хасану до први победи на младинското ЕП во пинг-понг

Македонските пинг-понгари со половичен скор го отворија младинското Европско првенство кое се одржува во Острава, Чешка. 

Лука Стојчев приреди големо изненадување во младинска категорија победувајќи го Францис Колоџијесчук од Австрија со 3-2. Во второто коло Македонецот игра против Дарио Салседо за првото место во групата 7. 

Софија Хасану беше посигурна и со 3-1 слави против Руби Оливија Елиот од Велс и исто така е во игра за добар пласман. 

Пораз забележа Моника Стајковска во кадетска категорија против тешка ривалка од Франција, а неуспех во тесен дуел пораз забележа и Кристијан Каламадевски.