Стојчев и Димитриевска победници на вториот Телеком Мастерс турнир во пинг-понг

Вториот Телеком Мастерс турнир, кој е од серијата рангирни турнири во пинг-понг во jуниорска категорија U 18, се одржа викендов во спортската сала на Основното училиште „Јоаким Крчовски“ во Крива Паланка. На турнирот учествуваа околу 50 играчи во двете категори.

Турнирот се состоеше од квалификациски дел, каде што играчите се распоредени во групи, и систем на директни елиминации, каде што се квалификуваат двајцата првопласирани од секоја група. Во машка конкуренција во првиот дел од турнирот натпреварувачите беа распоредени во осум групи, додека во женска конкуренција натпреварувачките беа поделени во шест групи.

Во групната фаза на турнирот фаворитите ги освоија првите места во групите. Исто така и во нокаут системот најдобрите стигнаа до самиот крај, каде што играчите кои ја имаа фаворитската улога ги освоија првите места.

Јуниори
1. Дамјан Стојчев
2. Даниел Атанасов
3. Војдан Тодоров, Теодор Волкановски

Јуниорки
1. Ива Димитриевска
2. Бојана Михајловска
3. Ана Стојановска, Мила Штркова

Победниците на вториот Телеком Мастерс турнир исто така се и првопласирани на ранг листата во јуниорска конкуренција по два одиграни турнири од серијалот турнири кој го сочинуваат четири натпреварувања: Двата Мастерси, Државното првенство и ТОП 8 турнирот.

Пинг-понгарскиот календар продолжува на 17 февруари во Свети Николе со Вториот Телеком Мастерс во сениорска конкуренција.