• Зоран Мишевски
Андреј Стојановски го освои турнирот во пинг-понг во Куманово по повод празникот 11 Октомври. Со овој турнир се означи почетокот на новата сезона. Второто место го освои Мартин Ристески, а со бронза се закитија Васевски и Јакимовски.
Овој турнир се одржува секоја година во Куманово и e првиот турнир во новата сезона.
Пинг-понгарската федерација изрази задоволство од вкупната бројка на учесници на првиот турнир.
Новата клупска сезона во пинг-понг почнува овој викенд.