Стојановска и Костадиновски доминираа на јуниорскиот шампионат во пинг-понг

Филип Костадиновски и Ана Стојановска, двајцата од од пигпонгарскиот клуб Крива Паланка се државни прваци до 18 години, на шампионатот, кој вчера се одржа вчера во Прилеп.

Костадиновски беше најдобар во поединечна конкуренција, а заедно со Александар Михајловски го подигна пехарот и во машки двојки. Стојановска ја победи конкуренцијата во поединечна конкуренција, а го освои првото место и во двојки заедно со Ива Димитриевска од Куманово.

50 натпреварувачи во јуниорска конкуренција од Кавадарци, Битола, Скопје, Прилеп, Струмица, Штип, Свети Николе, Крива Паланка, Виница и Куманово учествуваат на шампионатот кој за отворен го прогласи градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески.