Сто години пинг-понг, од Конгресот доаѓаат новости за македонскиот пинг-понг

Меѓународната Пинг понг федерацијата (ИТТФ) во Лондон свечено ја обележи стогодишнината од постоењето на пинг-понгот како организиран меѓународен спорт. 

Имено, во 1926 година е основана Меѓународната понг понг федерација, а истата година одржано е и првото светско првенство со што пинг понгот доби свое место на светската мапа на спортот. 

На конгресот на Светската пинг понг федерација, континенталниот форум помеѓу ЕТТУ и ИТТФ, финансискиот форум како и на свеченото обележувањето на годишнината, Македонија ја претставуваше Горан Тиловски, член на Управниот одбор на Пинг-понгарската федерација на Македонија (ППФМ) и советник на Претседателот на ППФМ. На маргините на настанот со подршка на Амбасадата на НР Кина во Македонија беше одржана и средба со високи преставници на пинг-понг федерација на Кина со која веќе се договорени конкретни чекори за зајакнување на соработката. 

По посетата во Кина во месец декември на наши играчи и тренери како и посетата во Луксембуг договорена е посета на претставниците на China Table Tennis Colleague во Македонија во текот на летниот период со одржување на камп и обука на тренери како и осигурени повторни посети на регионалниот центар во Луксембург на наши играчи и тренери.