Станојковски ја одбрани титулата државен првак во пинг-понг

Кристијан Станојковски од УГД - Штип е државен првак во пинг-понг на сениорското првенство кое овој викенд заврши во Струмица. Тој во финалето го совлада Филип Младеновски од ФА Шампиони. Јочковски од Работнички и Апосотолоски од Вардар завршија на третото и четвртото место.

Во игра на двојки, најдобри оваа година се Јочковски - Лашковски, па следат Станојковски - Јованов, Костадиновски - Костовски и Жоговски - Михајловски.

Идниот викенд во Штип ќе се одржи државното првенство за млади пингпонгари.