• Зоран Мишевски

Вчера и денес во Штип заврши државното првенство во пинг-понг во поединечна конкуренција со огромен интерес и голема масовност. Околу 80 натпреварувачи од сите клубови учествуваа на шампионатот, чиј организатор беше пинг-пинг клубот УГД Штип.
По дводневна борба познати се најдобрите пинг-понгари за оваа сезона:
Мажи:
1. Кристијан Станојковски
2. Христијан Томоски
3. Филип Младеновски
Жени:
1. Амелија Уце
2. Биљана Младенова
3. Дијана Ристовска
Шампиони во машки двојки се Станојковски и Апостоловски, а во мешани двојки најдобри во нашата земја се Станојковски и Уце. Во женски двојки најдобри беа Младенова и Ристевска, кои извојуваа победа во сите свои мечеви.