• Горан Упале

Викендов во Штип се одигра и последниот бодовен турнир за пинг-понгарска сезона 2022/23 во сениорска конкуренција - ТОП 8 за мажи и жени.
Мажи:
1. Филип Младеновски - ППК Шампион Фа
2. Кристијан Станојковски - ППК Крива Паланка
3. Лука Стојчев - ППК Шампион Фа
Жени:
1. Амелија Николов - ППК Шампион Фа
2. Сара С. Стојановска - ППК Крива Паланка
3. Ива Димитриевска - ППК Рисови
Иако ланските шампиони го освоија овој турнир и во машка и во женска конкуренција, не успеаја да бидат на врвот на бодовната ранг-листа за сезона 2022/23.
Шампиони на Македонија во сениорска конкуренција се Кристијан Станојковски од ППК Крива Паланка, кој по една година пауза пак се искачи на врвот и Ива Димитриевска од ППК Рисови која со мала разлика за прв пат успеа да се искачи на врвот и да биде најдобра во женска конкуренција.
Во неделата се изиграа и завршните натпревари од јуниорската машка лига каде што победи екипата на ППК Крива Паланка, пред ППК Куманово и ППК Пелагонија.