Српска доминација на пингпонгарскиот турнир во Скопје

Овој викенд во Скопје се одржа квалитетен меѓународен турнир во пинг-понг. На турнирот настапија 35 учесници од Србија, Косово и Македонија, кои ги одмерија силите во  спортската сала „Форца“ во Скопје. 

Резултатски доминираа играчите од Србија, а двајца претставници од Македонија влегоа меѓу осумте најдобри. Најдобар поединец беше Стефан Костадиновиќ од Спартак Суботица пред членовите на ПК Банат, Илија Мајсторовиќ и Алекса Адамовиќ. 

Од нашите претставници Кристијан Станојковски и Петар Костовски, кои не успеаја да го минат четврфиналето беа најдобри Македонци од турнирот. Овој турнир беше еден од поквалитетните во последните неколку години во Македонија, а во улога на организатор се јави Самсунг и пинпонгарската федерација на Македонија.