Србинот Миленковиќ нов селектор на македонските пинг-понгари

Српски стручњак е нов селектор на нашата пинг-понг репрезентациј и заедно со нашите тренери ќе ги подобрува настапите на македонските играчи.

Со одлука на Управниот одбор, а на предлог на стручната комисија, за втор селектор на репрезентацијата е назначен Милош Миленковиќ. Тој бил тренер на српската репрезентација, а моментално настапува како играч во српската Суперлига. Заедно со првиот селектор Сашко Богатинов Миленковиќ ќе работат на ефикасни подготовки и подобри претставувања на репрезентативците на меѓународните натпревари и првенства.

Досега со репрезентативците и потенцијалните наши претставници на меѓународните натпреварувања работеа Зоран Јованоски и Димитрије Жогоски. Со цел зголемување на капацитет со младите пинг-понгари ќе работат Амелија Николов, Мартин Стаменковски, Ѓоко Јочкоски и Филип Младеноски.

За федерацијата особено важно е именувањето на новите тренери, како и на Амелија Николов, веќе докажана пинг-понгарка со многу искуство позади себе.