Смолиќ ја помина групата, многу блиску до понатамошен настап и Каламадевски и Ристески

Македонските пинг-понгари блеснаа на меѓународниот турнир во Србија. Во поединечна конкуренција, Матеја Смолиќ во категорија до 15 години со две победи се избори за второто место во групата и ги продолжува своите настапи денес.

Мартин Ристески, во категоријата У15, во директниот дуел за второто место загуби од Ли Ријан од Ирска и тоа со 14-12 во решавачкиот сет. 15-годишниот Кристијан Каламадевски имаше слична можност во мечот против Денис Фонариуч од Романија. 

Победи забележаа Бојана Јовевска (У13), Давид Јоноски(У15), а блиску до пиедестал беше и Сара Ризовска (У15). Калина Митева (У13) се најде во исклучително тешка група, но покажа добра игра, а Кристијан Митев (У13) забележа една победа во дуелот против Урош Мркајиќ од Црна Гора. Јован Пармачки (У13) забележа победа над Зејд Хоџиќ од Босна и Херцеговина.

Селекторот Сашко Богатинов и тренерот Зоран Јованоски искажаа задоволство од покажаната игра, со тоа што истата треба да биде мотив за повеќе тренинг и поголем напредок во иднина.