Славко Пројкоски нов претеседател на пинг-понг федерацијата на Македонија

Славко Пројкоски е нов претседател на Пинг понгарската федерација на Македонија. Тој е избран за прв човек на македонскиот пинг-понг на последното Изборно собрание.

„Мора да го осмислиме опстојувањето на македонскиот пинг понг затоа што другите спортови ни’ се конкуренција. Ние треба да ги инфицираме младите со понг понг и да работиме на зголемување на бројот на клубови. Пинг понгот е спорт на можности, пинг понгот е спорт на извонредност на младите”, изјави Пројкоски.

Пројкоски има долгогодишно менаџерско искуство во Телеком, а изминатите години беше член на Управниот одбор на федерацијата.