Скопје во септември домаќин на најдобрите светски пинг-понгари

Најголемиот пинг-понгарски настан за оваа година во нашата земја и официјално ќе се одржи во Скопје од 5 до 9 септември. Се работи за меѓународен натпревар на кој ќе настапат некои од најдобрите натпреварувачи во Светот.

Во спортската сала „Јане Сандански“ ќе се натпреваруваат пријавени играчи кои котираат меѓу најдобрите десет во светски рами. Во машка конкуренција на еден месец до одржувањето на натпреварот пријавени се Французинот Хуго Дешамп и Чанкг Ју Ан од Тајпеј како шести и осмо рангирани, соодветно, додека во женска конкуренција Ли Даун од Јужна Кореја како петто рангирана.

Ова е втор натпревар од ваков тип кој го организира Пинг-понгарската федерација на Македонија. Првиот се одржа минатата година од 7 до 11 септември исто така во Скопје.